Лавров: „Американските санкции кон Иран се нелегитимни“

0
36

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денес изјави дека обновените американски санкции кон Иран се нелегитимни, јавува Anadolu Agency (AA).

Лавров, во рамките на официјалната посета во Мадрид се состана со шпанскиот колега Јозеф Борел, а по состанокот изјави дека американското воведување на санкциите кон Иран е во потполност спротивно на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Тој, исто така изјави дека е разочарувачки и начинот на кој САД ги соопштија и ги имплементираа санкциите кон Техеран.

„Без оглед на американското повлекување, европските земји, Русија и Кина, одлучија да продолжат со имплементација на Заедничкиот сеопфатен акционен план кој е потпишан во врска со Иранската нуклеарна програма“, порача Лавров.

Лавров, исто така порача дека со американските санкции нема да бидат затворени сите патишта на економската соработка со Иран.