Тепачка во обложувалница во Струга, повредено едно лице

0
136

Синоќа, околу 21:00 часот, нарушен е јавниот ред и мир во спортска обложувалница, лоцирана на улицата „Владо Малески“ во Струга.

– 59-годишниот А.Ж. од струшкото село Велешта го нападнал во обложувалницата 37-годишниот Н.П. од селото Долна Белица. Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: Ohridpress/ СВР Охрид фото: архива