Беса и Алијанса побараа официјализирање на албанскиот јазик

0

Сега е време да се решат отворените прашања за Албанците и да не се ставаат под тепих, рече Фадил Зендели од Беса на дебатата за нацрт уставните амандмани.

Беса има конкретно барање да се официјализира албанскиот јазик. Срамно е да се именува како јазик што го зборуваат 20 проценти, рече Зендели.

Тој наведе дека е добро што се воведува Охридскиот договор во Преамбулата, но бара да се отвори дебата дали договорот се имплементира.

И Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците исто така рече дека сега е време да се официјализира албанскиот јазик во Уставот. Рашиди очекува по дебатата за предлог амандманите да се затвори и ова прашање.

Пратеникот Илија Николовски, генерал во пензија рече дека пратениците немаат време за губење и очекува дека во најскоро време ќе се заврши целиот процес околу уставните измени.

-Со четиритие уставни амандмани, се импрелемнитра спогодбата со Грција. Оваа обврска според став 4. точка д, ние треба да ја извршиме до крајот на декември годинава. Ако сме одговорни пратеници и патриоти, и ако сакаме државата да ја внесеме во НАТО И ЕУ, не треба да ја одолговлекуваме постапката за измена на Уставот. Да го утврдиме нацртот на амандманите за да може да се оди на јавна расправа. Не гледам проблем со кој ќе губиме време за дискусија. Ништо не зборувам на памет. Ве повикувам, што е можно во пократко време да го усвоиме нацртот на амандманите за да може постапката да продолжи. Немаме време за натегање. Ајде да побрзаме. Треба да изградиме консензус, да бидеме најмалце 20 пратеници, истакна Николовски.

На почетокот на дебатата за нацрт амандманите во Комисијата за уставни прашања денеска, која ќе трае три дена, премиерот Заев ја објасни потребата од уставни измени и ги презентира четирите нацрт амандмани.

Тој истакна дека додавката „северна“ е  цената која Македонија треба да ја плати за интеграција во ЕУ и НАТО.

Во дебатата говорепе и пратеникто од ВМРО ДПМНЕ Трајко Вељаноски кој укажа дека името Македонија ќе се менува со додавка на 50 места во Уставот и на шест места во Преамбулата, за што како што рече Владата требало да поднесе за секоја промена посебен амандман, а не да ги менува со само еден.

Извор:НоваТВ