„Горда сум што освоив победа како муслиманка од Палестина“

0
169

Рашида Тлаиб, која стана прва муслиманка што влезе во Пратеничкиот дом, победувајќи на изборите во кои беше кандидатка во американската сојузна држава Мичиген, истакна дека е горда што освоила победа како муслиманка од Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).

Тлаиб, која резултатот на изборите го славеше со нејзината мајка, семејство и нејзините поддржувачи, одржа говор по победата.

Тлаиб нагласи дека нејзините роднини кои внимателно ги следеле резултатите на изборите, плачеле по победата, и дека е горда што стана дел од Пратеничкиот дом како муслиманка од Палестина.

„Со години се трудев за да го добијам овој резултат. Горда сум што освоив победа како муслиманка од Палестина. Исто така, страста и милоста на мојата мајка премина и во мене. Таа секогаш е насмеана, и не ги разбира расистичките односи кон неа, поради тоа што мисли дека луѓето можат да бидат добри. Тоа засекогаш беше извор за инспирација за мене“, рече новата членка на Пратеничкиот дом, Тлаиб.

– Од статус на мигрант во Пратеничкиот дом –

Од друга страна, Сомалијката Илхан Омар која стана прва муслиманка со марама во Пратеничкиот дом на САД, која дојде на оваа функција освојувајќи победа против нејзината противничка, Џенифер Зиелински, во сојузната држава Минесота, резултатите на изборите ги славеше со нејзиното семејство и поддржувачи.

Омар во своето обраќање пред собраната група, истакна дека во САД дошла на 12-годишна возраст, додека пред тоа четири години живеела во кампови за мигранти.

„Минесота е мошне ладна, но срцата на луѓето се толку топли. Овие лица не само што ги штитат мигрантите, тие, исто така, ги праќаат во Вашингтон“, додаде таа.

– Честитки од американските муслимани –

Советот за американско-исламски односи (CAIR), преку соопштение, упати честитки до Тлаиб и Омар, првите муслиманки во Пратеничкиот дом на САД. „Вашата победа ги потсети муслиманските деца дека можат да успеат“, се вели во соопштението.

Претседателот на Советот за американско-исламски односи (CAIR), Нихад Авад, истакна дека над 90 кандидати кои во овие избори се натпреварувале за различни позиции, биле муслимани.

„Упатуваме честитки до сите кандидати американски муслимани кои со нивната победа ја покажаа моќта на нашиот политички систем, и зголемената позитивна улога на американските муслимани во секое ниво на општеството“, рече тој.

Рашида Тлаиб од Мичиген и Илхан Омар, кандидатки на Демократската партија од Минесота, победија на изборите во САД.

Tлаиб како кандидатка на Демократската партија победи во изборната единица 13. Дистрикт во Мичиген, а во Пратеничкиот дом ќе го заземе местото на Џон Конјерс, кој поради обвиненија за секс-скандали мораше да отстапи од таа политичка сцена.

Од друга страна, Илхам Омар, во САД дошла на 12-годишна возраст, а пред тоа живеела 4 години во кампови за мигранти. Претходно истакна дека еден од нејзините приоритети е да им се спротивстави на мигрантската политика на претседателот на САД, Доналд Трамп, а потоа од политички аспект да ги поддржи различните политики, како контрола на оружјето.