Израел се заканува со удари на Сириските С-300 – МОСКВА: Сите три системи подготвени се за борба

0
131

Израелскиот министер Зе`ев Елкин вчера предупреди дека израелските сили би можеле да ги гаѓаат руските прптив-воздушни системи С-300 во Сирија, дури и ако со тоа во опасност се доведат руските воени експерти.

Зе`ев Елкин изјавил дека Израел ќе ги спроведе овие напади во случај Сиријците да користат напредни системи кои неодамна им ги испорача Русија.

Министерот за екологија и копретседател на руско-израелската меѓувладина комисија, за руските медиуми, изјави дека испораката на овие системи во Сирија е голема грешка, бидејќи тие би можеле да доведат до “дестабилизација на ситуацијата”.

Тој објасни “како, со оглед на хаосот на сириската армија, На Сиријците не може да им верува дека тие опремата ќе ја користат како што треба, а тоа би можело да заврши со соборување на израелските воени или комерцијални авиони над израелската територија”.

“Навистина се надевам дека нема да има руски воени експерти на местото на лансирање проектилите”, изјавил Елкин, додавајќи дека Израел претходно се обидел да не ги повреди руските трупи во своите акции во Сирија.

Предупредувањето на Елкин дојде откако израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, неодамна го отфрли наводното барање на Москва дека “Израел да ја предупреди руската војска многу порано пред да изврши воздушни напади во Сирија”. Израел вообично ја информира Русија неколку минути пред нападот, пренесуваат израелските медиуми.

Израелските лидери најавија континуиран напад во Сирија и покрај тензиите во односите со Русија во врска со соборувањето на рускиот авион ИЛ-20, кој со намерна провокација на израелските авиони беше соборен на сирискиот брег на 17-ти септември.

Претходно сателитски снимки покажаа дека системите S-300 се распоредени во Сирија, но израелски официјални лица сеуште се убедени дека тие сеуште не се оперативни.

Русија: Сите три S-300 системи во Сирија подготвени се за борба

Rusija isporučuje S-300 Siriji
ФОТО: Архива, испорака на С-300 во Сирија

Руските медиуми објавија дека руските експерти во Сирија ја завршиле конверзијата на системот S-300PM / PM-2 во извозната верзија на S-300PMU-2 “Favorit”.

“Техничките експерти на руските одбранбени компании кои пристигнаа во Сирија на почетокот од октомври, по системите S-300PM / PM-2, кои се еден вид” хибрид “, кој ги вклучува елементите на двата комплекси, ја завршија конверзијата на испорачаните системи во извозната верзија на S- 300PMU-2 и се вратија во Русија “, објави агенцијата ТАСС.

Според дописникот на агенцијата, сите три одделенија доставиле системи за противвоздушна одбрана кои се подготвени за борбени операции, и останува уште само обука на сириски офицери и војници на воздухопловна одбрана и военото воздухопловство.

Цитирајќи втор военно-дипломатски извор, ТАСС тврди дека руските кодови и радарските фреквенции биле заменети при конверзијата на системот за противвоздушна одбрана.

Минатата недела официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, објави дека руските советници продолжуваат да спроведуваат обука на сириската армија за работа на системите С-300, а руското Министерство за одбрана, исто така, објави неколку фотографии од воената обука.

S-300 Sirija obuka
ФОТО – Руските експерти вршат обука на офицери и војници на сириската противвоздушна одбрана

Во октомври, беше потврдено дека Русија испрати три S-300PM-2 системи во Сирија, кои содржат софистициран мултифункционален радар, мобилен команден центар и контролни станици.

Потсетуваме дека одлуката за доставување на S-300 системот на сириската армија беше направена како одговор на израелските воздушни напади во инцидент во кој се случи сборувањето на рускиот авион Ил-20 со 15 членови на екипажот. Воените експерти, по испораката на овие системи во Сирија, истакнаа дека од сега Арапската република ќе биде речиси неповредлива за израелските напади.

Имено, оваа извозна верзија на системот “С-300”, со “Пољана Д-4” испратена во Сирија, обезбедува ефикасна контрола на борбените операции на воздухопловна ракетна бригада или мешана група на противвоздушни одбранбени системи опремени со С-300 системи и ракетни системи Тор, Бук системи и системи против восдушни ракети “Панцир-С1” и “Тунгуска”.

Извор:/logicno/TASS / Times of Israel