Чекор напред за Европска војска, и намалување на зависноста од САД

0
47

Веќе неколку години, се споенува идејата за формирање на европска армија која треба да й даде на Европа поголема независност и со тоа да ја намали сегашната зависност на Европа на САД. Еден од погласните застапници на оваа идеја е претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, а сега францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера повика на создавање “вистинска европска армија”, сега доста силно му се придружува.

Сигурно е важно да се истакне дека Брекзитот во таа смисла ќе има многу важна улога- имено, Велика Британија е земја која жестоко се спротивстави на создавањето на војската на ЕУ, што не е изненадувачко, имајќи предвид дека тие се истовремено најсилни приврзани кон нивниот шрекуморски сојузник САД. Со заминувањето на Британија од ЕУ, идејата за европска армија повторно станува актуелна, а фактот што сегашната американска влада под Доналд Трамп нема амбиции по прашањето за заштита на ЕУ ја прави оваа идеја уште поактуелна.

Сепак, се уште има доста простор помеѓу желбите и реализацијата, што го потврдил портпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас, истакнувајќи дека ова е нешто што постепено ќе се гради во овие, вели тој, “тешки геополитички времиња”.

Извори:Гардијан | Ројтерс