Патот беше потесен и пострмен. Ама 52-годишниот турски возач на камиони не обрнувал внимание. ЏПС му покажувал да бил на “вистинскиот пат”.Printscreen

Грешка. Голема грешка. Не само што не бил на вистинскиот пат, туку се заглавил во шумата. Претходно, следејќи ги инструкциите за навигација, тој игнорирал три знаци на забрана за возење на шумски пат во националниот парк Калкалпен (Австрија).

Конечно, во областа “Sairingerbach” во Вајер (Штаерска), повеќе не моќел да оди понатаму.Шлеперот започнал да се лизга кон провалија шлеп, заканувајќи се да пропадне низ стрмен насип.

За среќа, вработен во националниот парк го забележал изагубениот возач на камиони и ги известил властите.

Операцијата за спасување вклучуваше бројни единици за спасување и противпожарна заштита, со помош на кран, шлеперот  бил извлечен за безбедност. И сё заради GPS-от.