НЕСЛОЖУВАЊЕ СО ТРАМП: Американскиот државен обвинител Џеф Сесион поднесе оставка

0
50

Американскиот државен правобранител Џеф Сесион поднесе оставка заради превирањата во односите со претседателот Доналд Трамп, јавува агенцијата Анадолу (АА).

Сесион соопшти дека поднесува оставка токму на барање на претседателот на САД.

Оваа одлука следеше откако Трамп често јавно го критикуваше државниот обвинител во врска прашањето за истрагата за мешањето на Русија на претседателските избори во 2016 година.

Потсетуваме, американскиот претседател во август побара прекин на истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД.

Сесион во писмо упатено до Трамп наведил дека му било чест да служи на позицијата на државниот обвинител.

– Ми беше чест да работам на спроведување на законите во согласност со владеењето на правото што беше и централниот дел од вашата кампања за претседател – напишал Сесион.

Трамп по пат на Твитер му се заблагодари на Сеси за неговите досегашни услуги и му посакал среќа.

Тој истакнал дека Метју Витакер, началникот на Генералштабот на Канцеларијата на Државниот обвинител, ќе ги извршува должностите на Вршителот на должноста обвинител сè додека Сенатот не потврди трајно решение.