Белата куќа му ја одзеде акредитацијата на новинар на СНН, после вербалната расправа со Трамп

0
78

Вчера, Белата куќа на неопределено време му ја укина акредитацијата на новинарот Џим Акост, новинар на Си-Ен-Ен, по вербалниот конфликт со американскиот претседател Доналд Трамп за време на прес-конференцијата, пренесе агенцијата на Анадолу (АА).

Во меѓувреме реагирало и Здружението на дописници од Белата куќа кое повикало на промената во одлуката за забрана за Акоста.

Здруженијата нагласуваат дека акредитацијата издадена од Владата се користи како средство за казнување новинари. Од редакцијата на Акост соопштено е дека потегот на Белата куќа е “одмазда” за предизвикувачките прашања кои му биле поставувани на претседателот.

Секретарката за односи со медиумите на Трамп, Сара Хукаби Сандерс, го обвини Акоста за ставање раце на стажистка во Белата куќа, кога се обидувала да му го одземе микрофон додека зборува. Акоста и Си-Ен-Ен, сепак, тврдат дека ова не е вистина.
Трамп и новинарот на Си-Ен-Ен влегоа во вербален судир кога Акоста му поставувил прашање за мигрантски караван кој се упатил јужно од САД.