СНОУДЕН ТВРДИ: Израелска компанија помогна во убиството на новинарот Џамал Кашоги

0
84

Во обраќање по пат на видео-линк до група израелски новинари и други гости, Сноуден, кој се наоѓа во Русија, ја критикуваше сё големата израелска индустрија за сајбер-надзор. Тој изјави дека постои, односно има врска помеѓу убиството на Кашоги и саудиската употреба на софтверот Пегасус, на израелската компанија групата Grupe NSO , чие седиште е во Херцилиј во близина на Тел Авив, објавија израелските медиуми.
“Како тоа да имаме индустрии во развиените земји кои ја користат својата моќ не да спасуваат животи, туку да заработуваат до таа мера и до такво ниво на небрежност и неодговорност што всушност започнува да чини животи?”, ја прашал Сноуден израелската публика.

Сноуден ја опиша израелската компанија како “најлоша од најлошите” меѓу компаниите за сајбер-надзор, велејќи дека “целиот бизнис се базира на идејата за развој на дигитални кражби”.

Израелската компанија за односи со јавност Оренштајн Хосен го повика Сноуден да се обрати на собирот.

Компанијата што ја критикуваше беше предмет на контроверзии во последниве години кога канадската фирма тврдеше дека софтверот на Пегасус ги користел земјите со “сомнителен однос со човековите права и насилното однесување во безбедносните служби”.

Pegasus испраќа пораки до телефони на поединечни луѓе кои ги наведуваат да кликнат на линкот, а потоа компанијата има целосна контрола врз тие телефони, вклучувајќи содржина, историја и може да го активира вашиот микрофон и камера ако сака.
Сноуден рече дека многу луѓе во публиката веруваат во својата индустрија повеќе од било кој друг, но ги повикале да размислат како се користеле нејзините средства за да нанесат штета во други земји.

“Во денешниот свет (НСО групацијата) е најлошото од најлошите во продажбата натие средства за кражби кои активно се користат за кршење на човековите права на дисиденти, опозициски личности и активисти”, изјавил тој, додавајќи дека активноста на таа компанија е предаторска.

Сноуден додаде дека линкови се испраќаат до мексикански новинари, полицајци, антикорупциски групи и дека компанијата дури и не знае кои се тие луѓе, ниту пак се загрижени, бидејќи смета дека тоа не е нејзин проблем.
Тој изјави дека постои причина заради која верува дека софтверот Пегасус е поврзан со атентатот на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

“Како знаеле кои биле неговите намери? Како одлучија дека тој е некој против кого ќе мора дејствуваат, дека вреди да се ризикува? “, прашал Сноуден, додавајќи дека телефонот и контактите на пријател на Кашоги биле” багувани “со користење на софтверот создаден од израелската компанија, ама дека не се знае синџирот на последици затоа што компанијата тоа никогаш нема да коментира.

Името на Сноуден беше на насловните страници на светскиот весник со недели, кога пред пет години беше откриено дека американската тајна служба шпионирала милиони луѓе, илегално собирала информации за пријателите и непријателите, за канцеларката Ангела Меркел, исто како и оние осомничени за тероризам.

САД го осудија за шпионирање и крадење државни тајни, но тој тврди дека сè уште ја сака својата земја и се надева дека ќе се врати еднаш. Тој, исто така, й кажал на израелската јавност дека е јавна тајна дека Израел ги шпионира САД.