Во Истанбул неодамна е отворен Парк на лавови (Aslan Park), трета зоолошка градина од овој вид во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во паркот се наоѓаат десетици единки од седум различни видови од семејството диви мачки, во кои спаѓаат лавови, сибирски и бенгалски тигри, пуми и леопарди, за кои се грижат двајца висококвалификувани ветеринари и пет лица од техничкиот персонал.

Во паркот, кој е дизајниран според Европската асоцијација на зоолошки градини, животните се донесени од другите зоолошки градини.

Дивите мачки во моментот консумираат вкупно 135 килограми црвено месо, пилешко месо и риба, со дополнителни планови за исхрана за два црни леопарда, пет бели лавови, два сервала и две тигарчиња.

Во Зоолошката, исто така се очекува две женки леопарди да добијат младенчиња, при што гостите ќе можат да се грижат за нив под контрола на персоналот.

„Чувството да се биде меѓу овие убави животни во оваа убава средина мора да е чудесно и за посетителите“, изјави Кушат Билги, кој е член на екипата за поддршка во паркот.

Оваа Зоолошка градина во Турција ќе биде прва од овој тип и од своето отворање на 29 октомври во Виапорт Марина во Тузла, привлекува голем број посетители.