Роналдо по поразот на Јувентус: „Јунајтед не стори ништо за да победи“

0

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа во неверојатната завршница на натпреварот на четвртиот круг од групата Х од Лигата на шампиони против Јувентус направија пресврт во резултатот и славеа со 2:1. Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на торинскиот клуб, а некогаш на Јунајтед, беше особено разочаран. Тој изјави дека неговиот поранешен клуб не направил ништо за да победи, а дека Јувентус во три или четири наврати можел да го победи ривалот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Роналдо со асистенција на босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ во 65. минута постигна прекрасен погодок за водство од 1:0, воедно и прв во дресот на Јувентус и Лигата на шампиони. Но, со головите на Хуан Мата од слободен удар во 86. и автоголот на Леонардо Бонучи, по прекинот, во 90. минута славеа гостите.

„Лигата на шампиони е посебно натпреварување во кое можете да победите, но не смеете да се опуштите, бидејќи сешто може да се случи. Доминиравме 90 минути, имавме многу шанси, можевме да ги победиме три или четири пати. Не може дури ни да се зборува за среќа, бидејќи среќата морате да ја заслужите, а во овој случај ние им ја подаривме победата. Сега мораме да ја подигнеме главата, бидејќи игравме многу добро и сѐ уште сме на врвот на групата“, нагласи португалскиот фудбалер.

По четири одиграни кола во групата Х, лидер е Јувентус со 9 бода, втор е Манчестер Јунајтед со 7. Следуваат Валенсија со 5 и Јанг Бојс со 1 бод.