Трамп ја номинира Кејт Мари Бурнс за нов амбасадор во Македонија

0
36

Кејт Мари Бурнс ќе биде нова амбасадорка на САД во Македонија. Нејзината номинација од претседателот Доналд Трамп ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД.

Според соопштението од Белата куќа, Кејт Мари Бурнс е дипломат од кариера и доаѓа од Атина каде од септември 2017 година што ја вршела функцијата заменик-шеф на Мисија во амбасадата на САД во Атина.

Претходно била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ во Виена, Австрија.

Таа ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, исто така дипломат од кариера, кој на оваа функција беше номиниран од претходниот американски амбасадор Барак Обама во 2014 година.

Извор:НоваТВ