САД: Оружен напад во кафетерија, 12 загинати

0
40

Во една кафетерија во американската сојузна држава Калифорнија извршен е оружен напад, при што животот го загубија 12 лица, меѓу кои и напаѓачот, јавува Anadolu Agency (AA).

Гиоф Дин, шерифот на крајбрежниот град Вентура, соопшти дека во нападот кој се случи во Таузанд Оукс, 60 километри западно од Лос Анџелес, животот го загубиле 12 лица, ранети во нападот, меѓу кои и напаѓачот.

Дин нагласи дека меѓу загинатите се наоѓа и еден безбедносен службеник.

Тајлер Витлер (19), очевидец кој за време на нападот се наоѓал во кафетеријата, рече дека напаѓачот, чиј дел од лицето бил покриен, отворил оган во кафетеријата.

По нападот, на местото пристигнале безбедносните сили, а полицијата побарала населението да се оддалечи од местото на нападот.