Портпаролот на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, Асли Есен, што ќе пренесува руски гас од Турција и Европа, изјави дека проектот ќе биде завршен кон крајот на 2019 година, како што е и планирано, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на неговата посета на објектот на „Турски тек“ лоциран во рускиот крајбрежен град Анапа, Есен изјави дека секцијата покрај брегот ќе биде 95 отсто завршена до крајот на октомври.

Компресорот „Рускаја“ беше главен фокус на посетата, како прв од објектите изградени за проектот „Турски тек“ (TurkStream). Станицата е важен дел од гигантската мрежа на Газпром, која се состои од 172 илјади километри гасовод и 254 компресорски станици.

Официјалниот претставник на станицата, Анатолиј Колтаков, објасни дека главната функција на станицата е да обезбеди притисок со кој ќе биде овозможено природниот гас да патува 930 километри покрај Црното Море, овозможувајќи да биде пренесен до Турција со капацитет од 31,5 милијарди метри кубни.

Анапа, местото каде што е изграден објектот, се наоѓа само 3,5 километри од станицата „Рускаја“, последната дестинација пред подморскиот дел на гасоводот да го започне своето патување кон Турција.

„По завршувањето на компресорската станица „Рускаја“, беше завршена израдбата на објектот на „Турски тек“ и изградбата на „TurkStream“ на рускиот брег. Роботите кои ќе обезбедат годишна инспекција и одржување на подморницата на „Турски тек“, исто така, ќе влезат во гасоводот преку овој специјален аранжман тука“, рече официјалниот претставник на објектот, Антон Баришев.

„Преносот на природен гас од рускиот град Анапа до турската дестинација Кијикој, лоцирана во северозападната област Киркларели, ќе трае околу 52 часа“, велат официјалните претставници.

Просторијата за контрола каде што ќе се набљудува преносот на природен гас ќе биде лоцирана во седиштето на компанијата која го спроведува проектот „Турски тек“, во холандскиот главен град, Амстердам.

Според информациите добиени од властите на „Турски тек“, проектот е дизајниран со капацитет да работи најмалку 50 години.

Проектот се состои од две линии, секоја со должина од 930 километри и вкупен капацитет од 31,5 милијарди метри кубни.