Индонезискиот Совет на Улеми, највисоко исламското тело во азиската земја, ја забрани употребата на вакцини против мали сипаници и рубеола, поради сомневањата дека тие се произведуваат од материјал добиен од свињи кои во исламот се сметаат за нечисти животни.

Иако во случаи каде што нема прикладна заменска вакцина законски е дозволено и користење на забранета вакцина, сепак многу житеи на Индоензија сепак ја следат ова одредба, што доведува до пад на колективниот имунитет или колективна заштита на наведените болести, пишува Science Alert.
Забраната, односно фетва, не е правно обврзувачка, но муслиманите кои строго ги следат религиозните принципи на нивната заедница многу сериозно ги применуваат таквите забрани.

Ризик од епидемии на мали сипаници и рубеола

Кога на сето тоа ќе се додаде недостигот на доверба меѓу граѓаните за вакцините воопшто и незнаењето на населението за тоа како функционираат вакцините и како тие го штитат општеството, ризикот од епидемии на сипаници и рубеола расте, пренесува index.hr.

Затоа, Владата на Индонезија прави големи напори да ги зголеми нивоата на вакцинација во земјата.

Така, и покрај многу проблеми, таа успеа да започне проект за вакцинација на деца на островот Јава за да се запре појавата на морбили.
Целта на владата беше да се вакцинираат скоро 70 милиони деца меѓу девет месеци и 15 години.

Проектот се покажа како успешен досега.
“Бевме во можност да постигнеме 95 отсто вакцинација меѓу помладата популација. Се надеваме дека наскоро ќе дојдеме до 100 отсто вакцинација “, рече Сокарво, источен гувернер.

Советот на Улема: чувствителна одредба

Не имаат сите исламски и еврејски заедници проблем со лековите кои се добиени од желатин, особено ако станува збор за таква важна работа како што е високата вакцинација.

Државниот комитет за фетва на малезиската држава Теренгану во 2016 година донесе одлука за задолжителна вакцинација.
Токму за оваа одлука индонезиските власти се обратија до Советот на Улема, надевајќи се дека Советот ќе ја усвои истата одредба (фетва).

Но се случи токму спротивното.

Панелот одлучи дека вакцините биле харам (забранети или недозволени), но подоцна тие признале дека ова е чувствителна одредба, бидејќи немало замена на вакцини.

Јава како позитивен пример

Ова ги става своите следбеници во непријатна ситуација – ако сакаат да ги заштитат своите деца од мали сипаници и рубеола, тие мора да ги прекршат верските одредби.
Индонезиските власти бараат решение за новата ситуација.
За разлика од Jава, каде што вакцинацијата на деца е 95 проценти, во другите региони на Индонезија, поради штети и недостаток на информации, населението е екстремно ниско, а некаде само седум проценти.