Шпанската полиција спречила атентат на премиерот Санчез

0
36

Шпанската полиција спречила планиран напад (атентат) на премиерот Педро Санчез, потврдија денес локалните власти.

Каталонската полиција на Твитер го објави апсењето на еден човек кој имал намера да го убие Санчез и дека големи количества оружје се пронајдени во неговиот дом.

Маж бил уапсен пред три недели во каталонскиот град Тераси, под сомнение дека планира да изврши атентат врз премиерот, соопшти полицијата во Барселона.
Се верува дека мажот сакал да се одмазда заради плановите на шпанската влада да го ексхумира и премести телото на поранешниот шпански диктатор Франциско Франк. Франко бил погребан во неговиот мавзолеј во Долината на паднатите борци, недалеку од Мадрид од неговата смрт во 1975 година.

Уапсениот 63-годишен маж имал дозвола за носење оружје кое било пронајдено во неговиот дом. Полицијата пронајде 16 парчиња разни огнено оружје, вклучувајќи снајперски и автоматски пушки.

Приведениот работел за приватна компанија за обезбедување.
Според извештаите на медиумите, тој на социјалните мрежи ги објавил своите планови за убиство на Санчез, објави Хина.

Осомничениот е изведен на суд и моментално е во затвор во Тераси, соопштила портпаролката на каталонскиот министер за правда.