МУБАРЕК / Со акшам утре настапува Мевлуд месец – Месецот на раѓањето на пратеникот Мухаммед а.с

0
582

Муслиманите од целиот свет ќе го прославуваат мубарек месецот на раѓањето на последниот пратеник Мухамед а.с. кој започнува утре со акшам.(9.11.2018)г.

Мухамед а.с. е роден во Мека, во понеделник, 12-ти Ребиу-л-Еввел или 20 април 570 година. Син е на таткото Абдулах и мајката Амина, од арапското племе Курејш. Покрај пратеничката улога, за муслиманите, тој е најважната личност меѓу сите човечки величини за кои постои историско сведочење. Тој е најдобриот пример за сите човечки доблести, пример на човек, родител, пријатели, државник, војсководец …

Верниците се радуваат на денот кога се родил Аллаховиот Пратеник а.с , според мислењето на исламските улеми, верници, денот кога потекна светлината на упатствата и знаењето за целиот свет. Тоа е денот во кој е роден оној кого Севишниот Аллах во Кур`анот вели: “А, тебе (Мухаммеде) те пративме како милост на световите” (Ел-Енбија, 107). ”

Во текот на тој месец, во џамиите, куќите, маалата во знак на благодарност на Аллах, џ.ш. што им го подарил Партеникот, муслиманите приредуваат мевлудски свечености, учат Куранот, илахии и касида, ги слушаат предавањата за Пратеникот, како и неговиот живот, неговото семејство, неговите асхаби …

Исто така, во Македонија и на Балканот воопшто, обично се изучува мевлуд, рецитираат стихови кои говорат за раѓањето на пратеникот Мухаммед, неговото достоинство, живот, дело, стихови кои повикуваат на послушност кон Бога, предизвикуваат љубов кон Пратеникот a. и неговото чесно семејство и асхабите, да се промовира побожност.

Како специјалитет на мевлудот е шербет, традиционален пијалок направен од цимет и каранфилче, а кој со својот мирис и вкус го зајакнува телото.

Муслиманите, особено во текот на тој месец, донесуваат многу салавати на Мухамед ас. онака како што семожниот Аллах наредува, “Аллах и Неговите мелеци го благословуваат Пратеникот,о верници, благословувајте го и вие и поздрав испратете му!” (Ел-Ахзаб, 56)