Протести во Њујорк : “Трамп не е над владеењето на правото“

0
36

Стотици илјади жители во многу градови во САД излегле на улиците барајќи од специјалениот обвинител Роберт Милер да му биде дозволено да ја заврши истрагата за руското влијание врз САД претседателските избори, јави агенцијата Анадолу (АА).

Граѓаните во многу федерални држави во САД изразија незадоволство поради мешањето на претседателот Доналд Трамп во истрагата за Русија, и побараа од специјалниот обвинител да ја доведе до крај истрага која е покрената по тврдењата за вмешаност на Русија на претседателските избори на крајот 2016 година.

– Никој не е над владеењето на правото – била една од паролите што често можела да се слушне за време на синоќешниот собир во Њујорк.

“Тргнете ги рацете од Милер”, одекнувало на 7 авенија додека Демонстрантите од Times Squear се движеле кон плоштадот Унион.
Демонстрантите, исто така, носеле транспаренти со пораки “Заштитете го “Устав “,” Заштита за Милер “,” Трамп / Пенс мора да си заминат “,” Трамп не е над владеењето на правото “…

Демонстранти, алудирајќи на одлуката на Белата куќа да му ја одземе акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен Џим Аоста после краток конфликт со Претседателот Доналд Трамп му испратија јасна порака: “Оставете ги медиумите во мир “.

Еден од елементите што особено влијаеја на започнувањето на протестите во САД е одлуката на министерот за правда Џеф Сеси да се повлече од истрагата за Русија според желбите на претседателот Трамп. Метју Витакер, кој привремено ги замени Сеси, истиот ден кога повика на намалување димензијата на истрагата.