Потпишан договор за масовно производство на турскиот борбен тенк

0
137

Значаен договор за масовно производство на првиот турски борбен тенк е потпишан денеска, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претседателството на одбранбената индустрија и произведувачот на оклопните возила „BMC“ потпишаа договор за „Алтај“, следната генерација на борбениот тенк.

Првиот тенк „Алтај“ ќе излезе од производната линија во рок од 18 месеци и ќе биде испорачан на турските копнени сили. Договорот вклучува масовно производство и логистичка поддршка за 250 единици.

Алтај, првата развојна програма на турскиот борбен тенк, вклучува електронски команди и контролни системи, топ 120 мм и оклоп, а сите компоненти ќе ги произведуваат компании од Турција.

Прототипот на „Алтај“ е претставен на Саемот за одбрана во Истанбул, во 2011 година.