Во текот на мирните протести Изрелските војници ранија 25 Палестинци

0
26

Израелските војници денес за време на мирните протести “Големиот марш за враќање“ ранија 25 Палестинци кој се одржа во пограничниот регион Газа пренсе Агенција Анадолу (АА).

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека еден од ранетите Плестинци претрпеле сериозни повреди во пределот на вратот.
Во соопштението исто така се додава дека израелските војници отворија оган врз демонстрантите користејќи боева муниција.

Палестинците од 30 март по границата меѓу појасот Газа и Израел
организираат протести под името “Големиот марш за враќање”. Израелски војници против цивилното население кое бара да се врати на територијата од која биле протерани и укинувањето на блокадата во Газа, која трае од 2006 година, одговараат со оган.

Во израелските напади, за време на демонстрациите убиени се повеќе од 200 палестинци, а ранети се илјадници