Тензиите растат: Русија му врачи демарш на Австрискиот амбасадор

0
72

Руското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до амбасадорот на Австрија во Москва, Јоханес Ајгенер.

Ова беше направено по повод обвинението за вмешаност на поранешен австриски полковник во шпионажата во корист на Русија, објави ТАС.

Ајгнер претходно беше повикан во руското Министерство за надворешни работи заради инсистирањето на Виена заради фактот дека пензионирани воени офицери се осомничени за вмешаност во шпионска активност во корист, односно за Москва.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерот за одбрана Марио Кунасек утрово потврдија дека канцеларијата на државниот обвинител започнал истрага по добивањето на информации од една разузнавачка служба дека, пензиониран полковник на австриската армија, шпионирал 30 години за Русија за време на неговата активна служба .

Курц, на вонредна закажана прес-конференција, ги осуди активностите на Русија и рече дека нешто не е во ред.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е “непријатно изненаден” бидејќи не добил барање од Виена за да ја објасни ситуацијата со пензионираниот австриски полковник.

Извор:cdm