Израелските сили приведоа 8-годишно палестинско дете

0
31

Израелските сили приведоа едно 8-годишно палестинско дете во окупираниот Западен Брег, под изговор дека фрлило камен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од локални извори, палестинското дете Омер Ебу Ејаш е приведено од страна на израелските сили во местото Бејт Умар, во северниот дел на градот Ел Халил.

Палестинскиот активист Мухамед Авад во изјава за АА истакна дека 8-годишното дете е приведено од страна на израелските сили под изговор дека фрлило камен, и дека палестинските власти вложуваат напори за негово ослободување.

Израелските власти сè уште не дадоа изјава за случајот.

Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци, меѓу кои има и жени и деца.