Дали судирот со Вашингтон, представува претешка задача за “мирниот“ претседател Рохани ?

0
47

Ова прашање меѓу коментаторите, ирански и странски, повторно се отвори откако многумина почнаа да се плашат од избувнувањето на воен конфликт меѓу Иран и САД, првенствено во областа на Хормушкиот теснец, но исто така и на други места, ако дојде до невидени инциденти со иранските танкери за нафта на кои , на кои ни малку случајно, овие денови, предупреди специјалниот претставник на американскиот Стејт департмент за Иран, Брајан Хук.

Истото прашање го поставуваа многумина кога, кога после прилично “остриот” Махмуд Ахмадинеџад, за претседател на Иран во 2013 беше избран сегашниот претседател Хасан Рохани.

Хасан Рохани победи на изборите во летото 2013 година и ја презеде функцијата претседател на Исламската Република на 3-ти август истата година. На претседателските избори во 2017 година, тој повторно го освои и го започна својот втор мандат.
Кога Рохани беше избран во 2013 година, медиумите напишаа дека кандидатот е прифатлив за мнозинството во земјата, што е точно, а на Запад однапред го гледаа како реформатор кој ќе го води Иран во “вистинската насока”.

Позицијата на европските канцеларии беше “дека новиот лидер е подобар избор од Ахмадинеџад и нему сличните”, а на левото крило на европскиот политички спектар се слушнаа “пораките” се слушнаа “,дека Рохани треба да се обиде да ги подобри условите за иранските работници и да ги зголеми платите кои во минатата година, од мандатот на поранешниот претседател се зголемиле за 30%, додека инфлацијата, наводно, изнесувала 100% “.

Истата Европска левица заборава дека таа инфлација и бројните проблеми со кои се соочувала и со кои се уште се соочува Исламската Република, представуваат последица на санкциите кои до потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година и самите поддржуваа.

На Иран и сега му се приговара за сè. Од наводните кршења на работничките и човековите права воопшто, а особено на правата на жените, хомосексуалците и членовите на разни групи чии дисиденти живеат во Европа, иако станува збор за сепаратистички вооружени групи, како што се Курдите на северот, сепаратистите на Балучистан на југ или групата Арапско борбено движење за слободата на Ахваз (ASMLA), чии милитанти добиле азил во Данска и други скандинавски земји.

Хасан Рохани не направи никаков радикален пресврт и му попушти на Западот под изговор одбрана на “работничките или човековите права”, бидејќи тоа било бесцелно токму поради агресивниот изолационизам наметнат од Вашингтон и Брисел.
Како што беше прикажано во голем број случаи, земјите кои се на мета на Западот, нужно мора да имаат решителна власт, за да не дојде до општ расул кој западните канцеларии истиот би го искористиле да наметнат марионетска влада. А, со Рохани како искусен политичар, се покажало дека такво сценарио не може да се спроведе на дело, но тој се согласил на равноправна основа да преговара за нуклеарна програма која и онака никогаш не достигнала ниво што може да се користи за воени цели.

Се разбира, против сегашниот претседател, не заостанаат ниту критиките за т.н. ирански дисиденти, на поранешниот ирански претседател Бани Садр, кој живее во егзил во Франција. Бани Садр беше првиот ирански претседател по Исламската револуција во 1979. Тој ја презеде функцијата во 1980 година, но беше протеран од иранските клерици во јуни 1981 година. Денес, како стар човек, живее во Версај, но тој сѐ уште е еден од големите критичари на власта во Техеран. Мора да се признае дека е голем “оптимист”, бидејќи тој пред неколку години изјави дека “тој е сигурен дека еден ден ќе се врати во независен и слободен Иран”.

“Иранчаните не гласаа за Рохани, туку против Хамнеј, против тиранскиот режим кој ја држи целата моќ во своите раце. Не гаам никакви илузии дека Рохани е некаква промена, бидејќи сите добија зелено светло од Хамнеи дека воопшто можат да се кандидираат на претседателските избори“ , изјавил Садр во текот на кампањата на Рохани.

Тогаш не заостанаа ниту забелешките од Сузан Тахмасеби, со предстој во Вашингтон, активист за правата на жената кој го предводи здружението ФЕМЕНА. Таа ја критикува владата во Техеран за наводно круто толкување на шеријатот, но во исто време потврдува дека во Иран 62% од студентската популација се жени. Меѓу ова булумента е и Ададе Мовени од Калифорнија, позната како автор на кампањата “Lipstick Jihad” и “Honeymoon in Tehran”, која ја критикува властите во својата татковина заради “сегрегирање на жените во одредени сектори на образование, особено во општествените науки и уметностите, и ги обвинува лидерите во Техеран за тешката економска ситуација во земјата “.

Критичарите и дисидентите во егзил, кои најчесто се најгласни, не можат да го игнорираат фактот дека 36 милиони гласачи излегле на претседателските избори во Иран во 2013 година, а 39 милиони во 2017 година, што е над 73 отсто од вкупниот број регистрирани списоци и дека Рохани има целосен изборен легитимитет.
Посебно изненадува високиот одѕив на женската популација на иранските избори, што е само доказ дека во Лондон, Париз и Вашингтон, каде се вдомени воглавном иранските дисиденти, иранската стварност поптима една нова димензија.

Меѓутоа, првата изборна победа на Хасан Рохани беше добро примена во Париз, Лондон, Рим и Брисел, а Вашингтон, за време на Обама, изјави дека “е подготвен за директен дијалог со новиот претседател и се надева дека спорот околу иранската нуклеарна програма ќе биде решен по дипломатски пат “, кој на крајот беше потврден со потпишувањето на нуклеарниот договор помеѓу” Група 5 + 1 “и Техеран.
Единствената земја која секогаш остана доселдна на ставот “дека сѐ уште треба да се врши притисок на Техеран” е Израел, а оваа политика е усвоена од сегашниот претседател Доналд Трамп, чиј зет и постар советник Џаред Кушнер е закокоравен ционист и главен застапник на распадот на нуклеарниот договор и притисок на Исламската Република, дури и по цена на конфликт.

Доналд Трамп и Џаред Кушнер веруваат во израелската пропаганда, па дури и делови од истата кои предизвикуваат скандали во светот.
На пример, поранешниот израелски министер за меѓународни односи, стратегија и разузнавање, сега министерот за енергетика и водостопанство, Јувал Штаиниц, изјави пред нуклеарниот договор “дека Иран е многу близу до преминување на црвената линија, бидејќи поседува 200 килограми уран со чистота од 20%.
“Воопшто не е важно дали ураниумот кој го поседува Техеран е чист 20% или 90%, важно е колку центрифуги имаат Иранците. Кога ќе имаат доволно, многу лесно ќе добијат 90% чист ураниум ќе бидат во состојба да произведат 30 нуклеарни бомби годишно “, изјавил Штајниц во пресрет на преговорите на Иран и групата 5 + 1, која се состоеше од САД, Русија, Кина , Франција, Велика Британија и Германија.

Јувал Штајниц постојано го повторува долготрајниот став на Тел Авив за “спречување на развојот на иранската нуклеарна програма најважен предизвик за оваа генерација”.
Но, да се вратиме на Хасан Рохани, кој се покажа како релативно умерен политичар и подготвен за дијалог. Сепак, не треба да се заборави дека веднаш по Револуцијата од 1979 година, како и за време на војната во Ирак и Иран, бил познат по тоа што под облеката на шиитски клерик никогаш не ја симнувал темнозелената воена униформа.
“Тивкиот” Хасан Рохани и неговата историја на клерик и воин.

Хасан Рохани од самиот почеток бил исламски револуционер, шиитски клерик кој буквално се борел со пушка во раката и на крајот станал квалификуван дипломат, преговарач за иранската нуклеарна програма и соработувал со реформатори за кои се сметало дека исчезнале од иранската политичка сцена.

Во европски рамки, иранскиот претседател со турбан и покровител на облека на шиитски свештеник претходно можел да се нарече умерен конзервативец, а не некаков либерал и реформист.

Како млад теолог бил уапсен од тајната полиција САВАК, на шахот Реза Пахлави, на чие спомнување на луѓето им влегувал страв во коските. После оваа епизода, тој бега во странство, каде што се приклучува на ајатолахот Хомени во неговото прогонство во Париз.

По падот на Шахот и Исламската револуција во 1979 година, тој стана свештеник и борец и ги удри темелите на новите вооружени сили на Исламската Република. За време на војната во Ирак и Иран, тој често се среќавал во друштво на неговиот голем ментор, ајатолах Али Акбар Хашемија Рафсанџани. Рохани тогаш под облеката на шиитски клерик секогаш носел темно зелена воена униформа под униформа, а по завршувањето на војната ајатолахот Али Хамнеи го одликувал со медалот на Наср, еден од највисоките воени одлукувања во Иран.

По војната, се жени и студира теологија во Кому, и завршува право. Потоа, тој оди на Универзитетот во Глазгов за да специјализира. До изборите, тој беше пратеник во парламентот веќе 20 години и не беше секогаш “благ”, бидејќи тој по грешка беше погрешно интерпретиран во западните канцеларии.

За време на превирањата, поради затворањето на “реформистички” весник во 1999 година, тој остро ги нападна демонстрантите нарекувајќи ги “саботери”, па дури и барајќи им да им се изрече смртна казна. Кога Рафсанџани беше избрани за претседател, Рохани беше назначен за шеф на Врховниот совет за национална безбедност, должност што тој ја извршуваше во следните 16 години, дури и за време на владеењето на Саед Мохамад Катами.

Во 2003 година, Рохани ја доби симпатијата на меѓународната заедница, бидејќи со Франција, Германија и Велика Британија успеаја да се договорат за мораториумот за збогатување на ураниум во рамките на иранската нуклеарна програма.
Тогаш во медиумите беше наречен “шеик дипломат”. Популарноста на Хасан Рохани брзо се зголемува по успешното оживување на протестите што го потресе Иран во 2009 година заради наводна изборна измама на Махмуд Ахмадинеџад.

Иако како политички опонент на поранешниот претседател, Рохани добро проценил дека “зелениот бран” ги има сите карактеристики на “Студената револуција” и ги смирува масите што го поплавија Техеран и другите големи ирански градови.
За време на првата кандидатура на претседателските избори, тој соработува со реформистите, ама пред сè со умерените конзервативци. Исто така, беше поддржан од поранешниот претседател Рафсанџани и Катами, а му даде поддршка и на Хасан Хомеини внук на починатиот лидер на Исламската револуција.

За време на телевизиските дебати, допрел до сеуште табу тема за иранската нуклеарна програма и на меѓународната изолација, и тој исто така вети поголеми права за жените, па дури и ослободување на некои од политичките затвореници. Средната класа и претприемачите го поддржаа бидејќи секогаш успешно се залагал за закрепнување на економијата.

Во врска со ова, мора да се забележи дека дури и поранешниот претседател Ахмадинеџад направи се што е во негова моќ за да спречи колапс на иранската економија поради наметнатите санкции и успеа да организира изградба нов гасовод до Пакистан и Ирак, вешто избегнувајќи санкции со продажба на нафта за злато на Турција и склучувал бројни закони со земји кои беа надвор од дофатот на Вашингтон.
По победата на Рохани и последователното потпишување на нуклеарната спогодба, некои аналитичари отишле толку далеку што тврдат дека постоеле, иако минималните шанси за повторно воспоставување дипломатски односи со САД, кои биле прекинати во 1979 година.

Се разбира, сите илузии исчезнаа со Доналд Трамп кој излезе од нуклеарната спогодба, што несомнено беше ветувањето кое му го дал на Израел за време на кампањата.
Од друга страна, сигурно е дека, во Техеран, претседателот Хасан Рохани, и покрај неговата позната “смиреност”, нема да стори ништо за да ја загрози тешко заработената иранска независност. Конечно, за неа лично се борел, не само во канцелариите во Техеран, или на состаноците со странските официјални лица, туку и како офицер и војник на Исламската Република.