(Фото/Видео) Подгоречката планина со бела покривка, низ објективот на Мирсад Исакоски..

0
619

Почитувани, како и да било, односно порано или подоцна, снегот ни пристигна и во Подгорци, односно нашата Подогоречка планина, која познатите места како Бачила, Тишкинец и др.. го прекри со својата прекрасна бела покривка.

Се разбира, таа убавина може само да се почувствува доколку барем за момент си дел од неа.

А, ние почитувани, како и секоја година, така и оваа, со големо нетрпение ги очекувавме фотографиите од нашиот сограѓанин, пријател и роднина, Мирсад Исакоски, за кого слободно можеме да кажеме дека е еден од најголемите екологисти, љубител на природата, и без сомнеавање и најголем борец за заштита на истата.

Како и што рековме, а како што и Мирсад  ни вети, фотографиите веќе се кај нас, а нас ни преостанува барем делумно да Ви ја пренесеме оваа убавина на Подгоречката планина во бело руво, забележано од објективот на Мирсад, и да му се заблагодариме за споделувањето на овие прекрасни зимски пејсажи..Image may contain: snow, tree, plant, outdoor and natureImage may contain: tree, snow, plant, outdoor and natureImage may contain: tree, snow, sky, outdoor and natureImage may contain: tree, snow, sky, plant, outdoor and nature