ПОДГОРЦИ: Свеченост по повод Мевлуд-и Шериф, раѓањето на Мухаммед а.с

0
305

Вечерва во просториите на џамијата на населба Подгорци, се оддржа свеченост по повод Мевлуд-и Шериф, раѓањето на Мухаммед а.с.

Како што и веќе забележувате веќе низа на години, активностите на нашава џамија секогаш ги обележуваат сите датуми кои се најзначајни за исламот, односно оние датуми кои се поврзани со настаните и се разбира личноситите кои го воздигнувале исламот.

Ние продолжуваме секоја година со нашите активности, пред се благодарение на младите талебиња кои посетуваат веронаука при нашава џамија, а се разбира и помагањето од страна на џематлиите и жителите на населба Подгорци.

Јас, како и мојот колега еф.Назме Мавмудоски заеднички истрајуваме во нашите напори за реализација, оддржување и потсетување на ваквите настани, а се надевам, иншАллах дека ќе продолжиме и понатаму, ни напомена имамот на џамија Подгорци еф. Џевари Сефоски.

Се разбира дека ова е и еден од најзначајните настани во историјата на исламот и муслиманите воопшто.

Треба да се потсетување на датумот на раѓањето на нашиот последен Пејкамбер Мухаммед а.с кој му беше испратен на човештвото од страна на Аллах и дека Тој е водач на целото човештво.

Мавмудоски истакна дека човештвото кое ги беше изгубило своите морални вредности и доблести со доаѓањето на Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) повторно се стекна со вредностите како што се правдата, правото, милоста и убавиот морал.

Се разбира не треба да се заборави и она што за исламот го постигнале и останатите пајекамбери, асхаби и други личности од исламот кои ги подучуваа муслиманите на вистинските вредности и воздигнаа исламот според она што е напишано од Возвишениот Аллах џ.ш во светата книга Кур`анот.

На крај би сакал во мое име и во име на џамискиот одбор, да им се заблагодарам на сите они кои на најразличен начин допринесуваат, односно помагаат во реализацијата на ваквите активности, – надополни еф. Назме Мавмудоски.