Од Охридското Езеро утрово е извадена артилериска граната од 75 mm

0
72

Утрово околу 06:30 часот, од водите на Охридското Езеро е извадена артилериска граната 75 mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки.

– Ангажиран беше нуркачот и пиротехнолог Милутин Секулоски, тим лидер на тимот за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското Езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна. Во акцијата учествуваше и пиротехничар со долгогодишно искуство и ангажман од Подрачното оддление за заштита и спасување Кичево, Драгољуб Попоски, заради прифаќање и безбедно транспортирање на гранатата во магацин за привремено складирање се до нејзино уништување на локација за таа намена, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. (Крај)

извор: Дирекција за заштита и спасување фото: Дирекција за заштита и спасување/Ohridpress