САД / Објавена видеоснимка: Авион удри во зграда во Флорида, две лица мртви

0
109

Овој викенд, мал авион удрил во магацин и терапевтскиот центар во Форт Лодердејл (Флорида), после што речиси исчезнал во пламен. Во несреќата, две лица загинаа, а една од жртвите е позната како сопственик на авионот Еладио Маркез.

Авионот удри во објект во близина на аеродромот, во 13.30 часот, по локално време, во саботата, а денес беше објавен видео запис од несреќата.

Во зградата се наоѓале наставници од терапевтскиот центар, како и шест деца, но сите поминале речиси неповредени. Само еден учител се здоби со мали повреди, но не морал да оди во болница. Откако го слушнале гласниот звук, како што рекле подоцна, мислеле дека станува збор за сообраќајна несреќа, но кога пламен ја зафатил вратата од просторијата, ги земале деца и избегале од зградата.

Сведокот Дејвид Девијн за ABC 10 изјавил дека слушнал три звуци од моторот на авионот, а потоа авионот едноставно пројурил покрај него.
Причината за несреќата сè уште не е објавена: