Ерусалим: Повеќе од 150 радикални евреи во придружба на полиција влегоа во Ал Акса

0
153

Повеќе од 150 радикални Евреи, придружувани од полицијата, влегоа во Ал-Акса, сместена во окупираниот Источен Ерусалим, јави агенцијата Анадолу (АА).
Фирас Дибс, портпарол на администрацијата на Вакуф во Ерусалим, изјави дека израелската полиција за Евреите го отворила влезот во Ел Магарибе, на југот на Ал-Акса.

Радикалните Евреи честопати влегуваат во Ал-Акса наутро и попладне. Денешниот напад беше извршен на четвртиот ден од Ханука.

Евреите го прославуваат осумдневен празник на слобода и светлина, потсетник на историски настан кога Евреите можеа да ги задоволат сопствените традиции и култура. Тоа е еврејски празник во спомен на историскиот настан кога Евреите во Ерусалим, по тригодишна војна со Грците, повторно успеаја да го осветат Големиот храм.

Од 2003 година, израелските сили воведуваат еврејските имигранти во комплексот Ал-Акса, а намуслиманите често пати им наметнуваат старосна граница за влез. Поради верувањето дека има остатоци од храмот на Соломон, израелските власти тајно копаат под комплексот и со тоа ги загрозуваат историските градби.

Комплексот Ал-Аксе се протега на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кое е под израелска окупација и претставува точка на приклучување кон трите најголеми религии во светот.

После Meсџид -л Харем во Мека и џамијата на Пратеникот во Медина, Ал-Акса е трето најважно место за муслиманите.