Турција: Во Езирчан запленето 500 килограми хероин

0
51

Шефот на полицијата во Ерзинчан, Турција, Булент Сенсој, изјави дека во тој град бил запрен камион со околу 500 килограми хероин, објави агенцијата Анадолу (АА).

Тимовите на оделот за борба против трговијата со луѓе и за злоупотреба на дрога, по претходна дојава, на контролен пункт на патот помеѓу Ерзинчан и Ерзурум сопреле сомнителен камион.

Беила спроведена истрага за време на која била пронајдена дрога, која потоа беше конфискувана.

Безбедносните сили уапсија три лица иработаат на утврдување на точната количина запленета дрога.