Писмото на Ајнштајн се продаде за 2,9 милиони долари

0
52

Писмото на познатиот физичар Алберт Ајнштајн, за неговите видувања за идејата за Бог, религијата и еврејскиот идентитет, напишано за германскиот филозоф Ерик Гуткинд, е продадено на аукција за 2,9 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста објавена на „Би-би-си“, писмото во ракопис е продадено на аукција за 2,9 милиони долари во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк.

Писмото, кое физичарот добитник на Нобеловата награда го напишал во 1954 година, на 74-годишна возраст, ги содржи ставовите на научникот за христијанството, идејата за Бог и еврејскиот идентитет.

Во писмото познато како „Писмото за Бог“ се вели: „Зборот Бог за мене е само израз, идеја произведена од човечката слабост. Библијата е за почит, но не е ништо друго од збир на некои примитивни легенди“.

„Без оглед на тоа колку е чувствителен и интелигентен, ниту еден коментар не може да ме убеди да се откажам од ова мислење“, вели Ајнштајн.

– „Евреите не се поугледни од другите народи“ –

Ајнштајн во писмото се осврнува и на еврејскиот идентитет.

„Горд сум што сум дел од еврејскиот народ и се чувствувам длабоко поврзан со менталитетот, но во моите очи нема поинаков углед од другите народи“, пишува нобеловецот Ајнштајн.

Со својата Општа теорија на релативитетот што ја објави на почетокот на 20-от век, Ајнштајн ги наруши сите парадигми на физиката што биле прифатени до тој ден и направи револуција во историјата на науката.