Почина Љубиша Георгиевски

0
52

Утрово на 81 година почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.

Љубиша Георгиевски е роден во Битола на 30 мај 1937 година.

Тој беше и кандидат за претседател на државата во 1994 година, а беше и претседател на Собранието од 2006 до 2008 година.

Во периодот 2000 – 2004 година беше македонски амбасадор во Бугарија.