Приведена финансовата директорка на „Хуавеј“ поради пробивање на санкциите кон Иран

0
62

Менг Ванжу, ќерката на сопственикот на кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ (Huawei), која во исто време е и финансова директорка на компанијата, приведена е во Канада поради пробивање на санкциите што Вашингтон ги воведе кон Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението што го објави Министерството за правда на Канада, ќерката на Рен Женгфеј, сопственикот на „Хуавеј“, финансовата директорка на компанијата е приведена на 1 декември во канадскиот град Ванкувер, под обвинение дека се пробиени санкциите што САД ги воведоа кон Иран.

Во соопштението се наведува дека Менг е приведена по налог на американската администрација, а в петок, на 7 декември, ќе биде изведена пред суд.

Се дознава дека доколку Менг биде испорачана на САД, тогаш нејзиниот случај ќе се води во Источниот регионален суд во американската сојузна држава Њујорк.

Министерството за правда на САД во април започна истрага против кинескиот производител на смарт-телефони и телекомуникациски гигант „Хуавеј“, под обвинение дека ги прекршил санкциите што се воведени кон Иран.

– Голем пад на американските берзански индекси –

Веста за приведувањето, за кое се смета дека може да го наруши трговското примирје што пред кусо време беше воведено меѓу САД и Кина, негативно се одрази на светската берза.

Азиската берза која денот го започна со големи загуби, е показател дека се очекува и голем пад на индексите на американските акции.

Заклучно со 23:45 часот во Њујорк (5:45 часот по средноевропско време), индексите на Standard&Poor’s 500 имаа пад од 1,3, на Dow Jones 1,4, а на Nasdaq, 1,6 отсто.