Нобеловецот Џорџ Смит со критики кон Израел во однос на Палестина

0
46

Израел продолжува да навлегува на палестинска територија, кршејќи го меѓународното право, истакна добитникот на Нобеловата награда за хемија во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Џорџ П. Смит, почесен професор по биолошки науки на Универзитетот „Мисури – Колумбија“ во САД, присуствуваше на церемонијата за доделување на Нобеловата награда во Стокхолм. Тој беше поканет да говори на Конференцијата организирана од страна на Асоцијацијата на Палестинци, основана од група универзитетски професори во Шведска, кои се занимаваат со палестинското прашање.

„Народите на Палестина и Израел треба да ги имаат истите права и рамноправно да живеат на територијата во форма на две држави“, рече Смит.

Истакнувајќи дека Израел без почитување на какви било постоечки правила, не го дозволува тоа, Смит нагласи дека Палестинците мора да се вратат на окупираните територии и дека сите нивни права мора да им бидат вратени.

Тој, исто така, истакна дека активностите на Израел во Газа се неприфатливи.

„Израел не врши притисок само врз палестинскиот народ, туку и врз еврејскиот народ, кој е вознемирен од погрешната политика на Израел“, рече тој, додавајќи дека Израел мора да се откаже од ваквото однесување.

Нобеловата награда за хемија во 2018 година беше поделена. Едниот дел од наградата му беше доделена на Френсис Х. Арнолд – член на Националната академија на науките, на Националната академија за инженерство и на Националната академија за медицина – за насочена еволуција на ензимите, додека другата половина од наградата им беше доделена на Смит и Григори П. Винтер за прикажување на фаг на пептиди и антитела.

Израелските весници објавуваа статии, изразувајќи разочарување поради доделувањето на Нобеловата награда за хемија на антиизраелски, односно пропалестински активист.