Терористички напад во Иран, загинаа 4 лица

0
43

Најмалку 4 лица го загубија својот живот, додека 27 лица се повредени во бомбашкиот терористички напад извршен во полициска дирекција во градот Чабахар, кој се наоѓа во иранската југоисточна покраина Систан и Белуџистан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Иранската државна телевизија соопшти дека нападот врз полициската станица во градот Чабахар е извршен со возило бомба.

Заменик-управителот на областа на Чабахар, Рехмелд Бамери, во изјава за медиумите истакна дека нападот е извршен со камионетка на која била поставена бомба, и дека самоубиствениот напад е извршен во 9:55 часот по локално време.

„Терористот кој со возило бомба се обиде да влезе во полициската дирекција, се соочи со интервенцијата на безбедносните сили, и потоа ја детонираше бомбата на влезот на зградата“, додаде тој.

Бамери информираше дека во нападот загинале 4 лица, додека повеќе лица се повредени, меѓу кои полицајци и цивили.

Во соопштението на Дирекцијата за здравство во Чабахар се наведува дека 27-те лица повредени во нападот се хоспитализирани.

Во вестите на иранските медиуми се тврди дека организацијата „Енсару’л-Фуркан“ ја презела одговорноста за нападот.

Организацијата „Енсару’л-Фуркан“ одвреме-навреме врши напади врз иранските безбедносни сили во Систан и Белуџистан.