Харадинај планира да ја забрани употребата на Српскиот динар на Косово

0
29

Приштинскиот аналитичар Фатмир Шехоли смета дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај подготвува три нови мерки против Србите на Косово.

Тој истакна дека меѓу нив е и забраната за употреба на динарот на територијата на покраината.

Говорејќи на телевизијата Прва за следните чекори што ги очекува од Харадинај, Шехоли изјави дека смета дека косовскиот премиер ќе нареди сите обележја на приштинските институции да се постават во сите општини на Косово.

“Прво, да не се дозволи да се користи валутата динар во Косово, второ обележјата на државата на Косово да се става таму каде што е нивната функција е во секоја општина”, истакнал Шехоли.

Како трета мерка, која ја очекува од Харадинај, Шехоли рекол дека ќе се преземат мерки против сопствениците на возила кои не се регистрирани во Косово, во согласност со правилата на приштинските власти.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во саботата објави дека против Србија, покрај 100-процентен данок на увоз на стоки од централна Србија и БиХ ќе прецвземе и “други потешки мерки“.