Го „преживеа“ гласањето: Тереза Меј останува британска премиерка

0
52

Тереза Меј останува премиерка на Велика Британија. Како што претходно најави АФП, таа доби доверба од 200 делегати, а 117. беа „против“ во гласањето во нејзината Конзервативна партија. Право на изјаснување имаа 317 делегати пришто за опстанок на функцијата на Меј ` беше потребно просто мнозинство. Гласањето во Парламентот се очекува до 21 јануари.

Ова во превод значи дека Меј може да биде мирна на премиерската позиција во Владата и на претседателската во партијата со оглед дека барем до година ова време не може да има ново гласање за нејзина доверба. Таа најави повлекување од функциите пред наредните парламентарни избори.

Гласањето за нејзина доверба го иницираа конзервативците кои сметаат дека Меј не успеала да постигне договор за Брегзит каков што ветуваше пред две години.