Две лица повредени во тешка сообраќајка кај Мороишта

0
354

На регионалниот пат во близина на селото Мороишта, ноќеска, околу 03:25 часот по полноќ, излетало од коловозот и удрило во бандера патничко моторно возило марка „Фолсваген Голф“ со струшки регистерски таблици, управувано од 30-годишниот Х.В. од струшкото село Ливада.

– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото, 26-годишниот Х.Ш. од истото село. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица во Струга и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: Ohridpress/МВР фото: архива