Коља-Царуха: Независни Грци ќе ја напуштат владата кога ќе дојде Договорот од Преспа

0
49

Кога и доколку дојде договорот, ние ќе си заминеме од министерствата, рече заменик министерката за одбрана на Грција, Мариа Коља-Царуха од редовите на Независни Грци во интервју за солунското радио „Фокус ФМ“.

-Ние ќе си заминеме од владата кога ќе ги видиме потезите на господинот премиер во врска со ова прашање. Кога? Може многу брзо“ рече Коља – Царуха.

Таа додаде дека „другата страна не се држи до тоа што беше договорено“.

-Не сакав да се склучи овој договор. Ние се најдовме во влада со еден министер, господинот Коѕијас за кој на почетокот верувавме и верував дека се обиде за некои работи, но понатаму се појавија различни елементи во овој договор за кои ние, не се согласуваме, а генерално со терминот Македонија“ рече Коља – Царуха.

Занејзиниот сопартиец и пратеник Танасис Папахристопулос, кој јавно изјави дека ќе го поддржи договорот и ќе го отстапи пратеничкото место, Коља-Царуха објасни дека биле направени големи напори за да се премисли, но тој си останал на неговиот став.

Извор:НоваТВ