Месна Самоуправа – Подгорци: Известување

0

Почитувани!

Имајќи во предвид дека секоја недела во населба Подгорци во делот познат како  автобуска, се оддржува пазар, а каде жителите  се снабдуваат со различни прехрамбени производи (овошје, зеленчук и др..) би сакале да Ве замолиме и известиме, просторот кој е предвиден за ваквата активност да биде ослободен од (паркирани автомобили, како најчест проблем) и со тоа овозможи слободно одвивање во снабдувањето на Подгорчани како и поставување на тезги за продажба, товар и истовар на производи, комуникација на жители.

Од тука, како не би се довеле во било каква несакана ситуација, Ве молиме предвидениот простор да биде ослободен од автомобилите кои секојдневно се паркираат на предвиденото место и со тоа попречува одвивањето на неделниот пазар.

Тоа, значи дека од вечерва, (како и секоја наредна сабота)  просторот треба да биде ослободен од паркираните автомобили, и истот да биде слободен и во наредниот ден недела од 06.00 до 12.00 часот.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од Ваша страна, и овозможите неделниот пазар да помине онака како што треба и доликува  на нашава населба.

 

Со почит!

Месна Самоуправа – Подгорци