Абдицираше малезискиот крал Мохаммед V

0

Малезискиот крал Мухамед V се повлече од тронот, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Кралската палата на Малезија денеска официјално објави дека кралот Мухамед V поднел оставка од функцијата 15-ти крал и абдицирал од тронот.

Малезиските медиуми веќе два месеци наведуваат дека 50-годишниот крал Мухамед се повлекол од палатата и има намера да отстапи од функцијата на монарх.

Малезискиот премиер Махатир Мухамед неодамна изјави дека официјално не добил официјално писмо за абдикација на кралот.

Кралот Мухамед последен пат бил виден во родната провинција Келантан, во петокот после кланање на џума-намаз.

Кралкот во заминување, Мухамед V посетувал студии за дипломатија во британскиот Оксфорд, Св. Крос колеџ и Универзитетот Хјурон.

Малезија е парламентарна монархија откако доби независност од Велика Британија во 1957 година. Државата е поделена на девет сојузни држави на чело се наоѓаат монаси кои се менуваат на секои пет години на малезискиот трон.

Законодавната и извршната власт во Малезија е во рацете на парламентот и владата на таа земја, а кралот е симболична титула, но исто така има статус на чувари на традицијата и исламот меѓу населението на малајските муслимани.