Во Каиро истовремено отворена џамија и црква

0
80

Во главниор град на Египет синоќа истовремено е оддржано свечено отварање на новоизградена џамија и црква ,објави агенцијата Анадолу (АА).

Двата верски објекти се наоѓаат во таканаречената “административна престолнина”, кој се гради на исток од Каиро.

На свеченото отварање присуствувал и државниот врв на Египет на чело со претседателот на таа земја Абдел Фаттах ал-Сиси.

Гостин на церемонијата бил и палестинскиот претседател Махмуд Абас, а настанот бил емитуван во живо од египетската државна телевизија.

Новоотворената џамија се вика Ал Фаттах Ал-Алим и втора е по големина џамија во светот, а црквата го добила името Исусовото раѓање и е најголема на Блискиот Исток.
Во двата објекти синоќа биле уприличени верски обреди. Во џамијата било клањано јација-намаз, а во црквата била одржана божествена литургија.

Египетскиот претседател Ал-Сиси изјавил дека отворањето на две религиозни локалитети во Каиро е историски момент за таа земја, а првиот човек на универзитетот Ал Азхар Ахмед ет-Тајиб истакнал дека муслиманските земји чуваат џамии, цркви и синагоги.