Ниските температури го замрзнаа најплиткиот дел од езерото (Фото)

0

Исклучително ниските температури во текот на ноќта и утринските часови деновиве го замрзнаа најплиткиот дел до брегот на езерото.

Фотографиите се направени на „Мазија“, во плитките делови и трската, на потегот пред хотелот „Милениум палас“.

Image may contain: tree, outdoor, nature and water

Метеоролозите за деновиве најавуваат ниски температури, а од утре можни се и повремени врнежи од снег. Максималната температура денес во Охрид ќе се искачи до -1. степени.

– Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на оваа недела ќе се задржи променливо и студено време со утрински температури кои на места ќе се спуштат под -10 степени, а максималните на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Денес и утре ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Здравко Чорбески