МЕСНА САМОУПРАВА ПОДГОРЦИ : Известување

0

Почитувани!

Имајќи ја во предвид моменталната состојба на водостојот на подгоречкото езеро, односно изворите кои истото го снабдуваат со вода, и преку кое населбата Подгорци се снабдува со потребните количини на вода за пиење и друга намена, би сакале да Ве известиме дека заради ниските температури кои преовладуваат во тој дел и појавата на замрзнати делови, низ протокот  односно системот за водоснабдување протекуваат помали количини на вода, а со тоа се намалува и количината на вода која моментално го надополнува резервоарот од системот за водоснабдување, кој во текот на денот се спушта на најниското можно ниво од околу 1 метар, висина што представува потенцијална опасност да дојде до прекин на водоснабдувањето.

Од тука, се додека не дојде до нормализирање на температурите и ослободување на замрзнатите делови на Подгоречкото езеро, со што повторно би протекле потребните количини на вода, Ве молиме во текот на вечерта да не ги оставате чесмите на вашите домаќинства нон-стоп да бидат отворени и со тоа намалува каптираната количина на вода во резервоарот, со што заради неконтролираната и непотребна потрошувачка на вода би можело да дојде до драстнично намалување на количината на вода, и во тој случај во прашање да биде доведено снабдувањето на населба Подгорци со потребните количини, и дополнително да предизвика нарушување на функционирањето на системот за водоснабдување и во одредени негови делови од овој систем.

Се надеваме дека ќе наидеме на ваша разбирање.

Со Почит!

Месна Самоуправа Подгорци.