Израелските власти планираат изградба на нови нелегални населби во Западниот Брег

0
36

Израел планира да изгради нова нелегална еврејска населба во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Дневниот весник „Хаарец“ објави дека израелските власти веќе издале дозвола за изградба на нова населба на површина од 1.200 дунуми.

Според „Хаарец“, изградбата на нова населба би значело дека палестинскиот град ќе биде опколен со населби.

Според официјалната палестинска бројка, околу 640.000 еврејски доселеници во Западен Брег и во Источен Ерусалим живеат во 196 населби (изградени со одобрение на израелската Влада) и во повеќе од 200 населби (изградени без одобрение).