Израел на име “историска неправда“ од Арапските земји и Иран бара одштета од 250 милијарди долари

0
259

По само неколку децении, со благослов на британската круна и повикувајќи се на “историското право од светите книги”, окупираа и етнички очистија преку 20.000 квадратни километри и прогласија државата, Евреите од Израел сега дојдоа до нова идеја.

Израел ги повика арапските земји и Иран да му платат 250 милијарди долари за имотот што Евреите го оставиле во тие земји кога си заминале.

Парите добиени од осум земји нема да бидат доделени на поединечни семејства, се вели во извештајот, туку државата ќе ги дистрибуира по пат на посебен фонд. Министерката Гамлиел го координира процесот, заедно со израелскиот Совет за национална безбедност, кој работи од канцеларијата на премиерот.

Израел во 2014 година усвои закон на секој 30 ноември да се одбележува заминувањето и депортацијата на Евреите од арапските земји и Иран, а целта е да се подигне свеста на меѓународната заедница за прашањето на еврејските бегалци од арапските земји и Иран и нивното право на надомест.

“Време е да се исправи историската неправда на прогонот во седумте арапски земји и Иран, со компензација за стотици илјади Евреи кои го загубија своите имоти, а законски беа нивни”, изјавила Гила Гамлиел, израелски министер за социјални инвестиции, задолжен за имотот на Евреите кои ги напуштиле тие земји кога тие емигрирале на териториите окупирани од страна на Израел.

Според извештајот објавен од Times of Israel, режимот во Тел Авив има намера да побара од Тунис 35 милијарди долари, 15 милијарди од Либија, а остатокот од сумата што треба да се надомести ќе се дели меѓу Мароко, Ирак, Сирија, Египет, Јемен и Иран.

Израелскиот режим, со цел да ја смени демографската слика на окупираните палестински територии во негова корист, повремено организира повик до Евреите во светот да ги поттикне да емигрираат во окупираните области.

Израелските медиуми тврдат дека барањето на овој израелски режим е стратегија која врши притисок врз тие земји да ја прифатат т.н. “работа на векот”, произраелскиот план презентиран од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел решавање на израелско-палестинскиот конфликт во корист на ционистичкиот ентитет.
Трамп го одобри планот за разрешување на конфликти, земајќи го предвид израелскиот закон од 2010 година, кој предвидува дека секој мировен договор мора да обезбеди надомест за имотот на еврејските заедници и некои Евреи кои биле принудени да ги напуштат арапските земји и Иран.

“Не може да се зборува за Блискиот Исток без да ги земете предвид правата на Евреите кои биле принудени да ги напуштат своите успешни заедници поради насилство. Сите злосторства против овие еврејски заедници мора да бидат признати “, изјавила министерката Гила Гамлиел, член на партијата Ликуд, на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Меир Кахон, претседател на Централната организација за Евреи од арапските земји и Иран, тврди дека станува збор за “речиси 800.000 луѓе кои дошле во Израел после 1948 година, а 56.000 од нив заминале за САД, Франција, Италија и на други место. ”

Палестина пред десет години побара 100 милијарди долари одштета од Израел

Палестинската влада, исто така, побара отштета од 100 милијарди долари од израелскиот режим, бидејќи после 1948 година преку казнените дејствија предизвика принудно бегство на милиони Палестинци од нивните домови.

Во април 2018 година, Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) истакна дека режимот во Тел Авив е законски обврзан да им исплати на Палестинците надомест за економска штета предизвикана од децениската окупација, како и штета на блокадата на економските активности во окупираните области.

Израел не ја почитува оваа и сите други обврзувачки и необврзувачки резолуции на Обединетите нации и на телата на оваа организација. Како што забележува Тајмс од Израел, првите барања за плаќање надокнади ќе бидат испратени до Тунис и Либија, за кои режимот на Тел Авив лесно може да ги добие посакуваните износи, особено од Либија, чии суверени средства се наоѓаат во европските банки.

Тековната марионетска влада на Тунис, исто така, може да се согласи да плати 35 милијарди долари, ама веројатно со спогодба, со оглед на тоа што земјата е во тешка економска и финансиска состојба. Одговорот од Мароко, Ирак, Сирија, Египет, Јемен и Иран сè уште не пристигна, иако не е тешко да се погоди каков ќе биде.

Извор:logicn /Times of Israel / UNCTAD