НЕТАНЈАХУ: Митотo без пари, е исто како фудбал без Меси

0
37

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху,против кого полицијата препорача да се подигне обвинение во три случаи на корупција, исмеан бил откако на Instagram напишал дека мито без пари не е мито.

“Мито без пари е исто како омлет без јајца”, напишач на Нетанјаху, кој исто така митото без пари го споредил и со фудбалот без Меси, Ким Кардашијан без Кание Вест и со парламентарните избори во Израел без неговата конзервативна партија Ликуд.
Тој тоа го направил откако синоќа во телевизиски говор ги отфрли обвинувањата во три случаи на корупција.

Нетанјаху изјавил дека таканаречениот случај 4000, во кој се сомничи дека израелски бизнисмен со поволно известување на веб-страницата на својата компанија во замена за прописи од кои таа фирма имала корист , бил апсурдна бидејќи не станува збор за пари.

Израелскиот премиер одамна ја обвини полицијата, медиумите и левичарите за заговор против него во овој и во други два случаи каде што тој е осомничен за корупција. Тој ги повикал своите следбеници на Instagram да испратат сугестии користејќи зборови типични за израелските тинејџери, заради што бил исмеан и на Твитер а исто така критикуван е и за основната порака дека митото без пари не е мито.

Тој беше критикуван, меѓу другото, од лидерката на опозицијата, Зехава Гал-он, која потврдила дека под израелскиот закон мито не е ограничено само на готовински плаќања.

“Поткупот без пари и понатаму е поткуп”, напишала таа, бидејќи проверилаи дека во законот пишува дека поткуп може да биде во форма на пари, вредни предмети и чекори од кои некои имаат корист.

Полицијата препорачала подигнување на обвинение против Нетанјаху во сите три случаи, а конечна одлука ќе биде донесена од израелскиот главен обвинител Авихај Манделблит, кој овие денови ги најави пред вонредните парламентарни избори закажани за 9 април.

Нетанјаху постојано ја негираше неговата вина и неодамна објави дека нема да поднесе оставка ако биде обвинет.

Извор:cdm