СТРУГА: Екипите на “ЈП Комунално“- Струга започнаа со расчистување на паднатиот снег

0
41
Фото:Општина Струга

Почитувани граѓани на Oпштина Струга,

Екипите на „ЈП Комунално“- Струга како и компаниите ангажирани за чистење на патот работат на расчистувањето на снегот во чаршијата, кејовите и тротоарите на град Струга, како и патиштата низ сите други населби.

Заради ефикасност и избегнување на можните пречки во сообраќајот, ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА НА УЛИЦА ОСОБЕНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. Непрописното паркирањето го спречува ефикасното чистење на патиштата и ја отежнува работата на службите. Доколку внимавате ќе ја олесните работата на службите за чистење и ќе избегнете било какви можни оштетувања на Вашето возило.

Ве молиме за вашата соработка и разбирање.

Канцеларија за односи со јавноста.
Општина Струга