Франција: Неверојатна видео снимка од спасување на скијач

0
106

Делот на Австрија, Германија и Франција се под снежни наноси, понекаде и по два метри повисоки. Има мртви и повредени. Сите спасувачки служби се на теренот.

Во некои места во Австрија, до денес паднало толку снег колку во просек паѓало во текот на цел јануар и не е изненадувачки што надлежните служби работаат на работ на силите. Пријавено ие исчезнување на голем број,туристи, но исто така и од локалното население.

Во исто време, илјадници луѓе останаа завеани и отсечени од остатокот од светот, патиштата се блокирани поради снег и опасноста од лавини. Им се заканува прекин на електричната енергија, бидејќи сите електрични столбови се преоптоварени со количеството на снег.

Социјалните мрежи и телевизиските станици се полни со снимки на завеани делови од Европа, како и за спасувањето на заробените луѓе. Една таква, неверојатна снимка е објавен од British Sky News, и покажува огромна вештина на пилотите на хеликоптер, која практички со предниот дел потпрел на снежната карпа на планина во Франција, за да ја истовари екипата за помош на изгубен скијач.

Извор:cdm