Holiday Train Show: Патување низ времето и минијатурата на Њујорк

0
64

Во Њујорк се врати омилената празнична традиција – изложбата “Празничниот воз“ (Holiday Train Show), пренесе Агенција Анадолу (АА).

Еден од најубавите начини на многу туристи кои го посетуваат Њујорк, ама исто така Њујорчаните, да ги поминат новогодишните и божиќните празници е изложбата “Празничен воз“ (Holiday Train Show),која ќе трае до 21-ви јануари.

Изложбата е отворена во Њујоршката ботаничка градина, а илјадници луѓе ја посетуваат секој ден. Посетителите можат да ја видат минијатурата на Њујорк со симболично прикажани градски објекти. Меѓу 175 модели на изложбата, можете да ја видите Статуата на слободата, градската библиотека, зградата Рокфелер, Емпајер Стејт, главната железничка станица, стадионот Јенки.

Секој е направен од кора, лисја и други природни материјали. Се прикажуваат неколку железнички системи на кои патуваат до десетици возови. Исто така се изложени и моделите на возови што се користат во последните три века.